САД тестираше нова ракета

Од:

Во близина на Хаваи синоќа беше успешно тестирана нова ракета пресретнувач на американската корпорација „Рејтијн“.

Ракетата беше истрелана синоќа од воен брод во близина на Хаваии. Ракетата СМ-3 собори балистичка ракета со среден дострел, која беше истрелана од воен полигон на Островот.

Тоа е втор успешен тест на нова ракета пресретнувач во период од шест недели, по неуспешното лансирање во септември 2011 година.

Новата ракета ќе биде лоцирана во Романија во 2015 година, како дел од напорите на американскиот претседател Барак Обама да ја заштити европската територија со НАТО ракети од евентуален ирански напад.

Производството на СМ-3 ќе почне на есен.

Би можело да ве интересира

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Израел ќе произведува тешки бомби, ќе ја намали зависноста од Америка

САД воведоа санкции за шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Горан Наумовски