Новиот, 19-ти број на меѓународната ревија за литература, култура и уметност „Бранувања“ е посветен на десетгодишнината од постоењето и активностите на литературната ревија и на манифестацијата Струшки книжевни средби.
Во списанието, кое го издава Културниот центар „Бран“ од Струга, објавено е и Слово за Владо Малески по повод 100 години од неговото раѓање и 35 години од смртта, како и интервју со Петко Шипинкаровски, главен и одговорен уредник на „Бранувања“.
Ревијата донесува и прилози на книжевни теми од неколку македонски и од преведени странски автори.