Новата романска Влада, предводена од премиерот Лудовик Орбан, вечерва положи заклетва пред претседателот Клаус Јоанис во Претседателската палата Котрочањи во Букурешт.
Владата претходно доби доверба од Парламентот, по што Јоанис потпиша указ за формирање нова Влада.
Новата влада има еден потпретседател и 16 министри.
На претходната социјалидемократска влада на поранешната премиерка Виорика Данчила и беше изгласана недоверба на 10 октомври.