Новиот романски премиер Лудовик Орбан на Брисел ќе му го предложи романскиот еврокомесар по консултациите со претседателот Клаус Јоханис, но номинацијата, како што наведе, ќе биде направен што е можно поскоро.
-Одлуката ќе ја донесеме што е можно побрзо, по разговорот со претседателот. Предлогот ќе биде најдобриот за Романија, рече Орбан пред новинарите откако неговата влада доби доверба во парламентот.
Орбан не зборуваше за имињата на романските кандидати за еврокомесар, пренесуават британските медиуми.