Самит на Европскиот совет посветен на еврото

Од:

Во Брисел денеска започнува дводневен Самит на Европскиот совет кој првпат годинава ќе биде посветен на заедничката валута на 17. од 27-те земји-членки на Европската унија што го користат еврото.

Како што јавува дописникот на МИА од европската престолнина, претседателот на ЕС, Херман ван Ромпуј, во своето писмо-покана до лидерите на земјите што се дел од Унијата, порача во пресрет на размената на ставовите за Европскиот семестар, дека сега е крајно време за одржување на првиот евро-самит во 2013 година.

– Нашиот официјален состанок ќе започне по вечерата, односно околу 22:00 часот, а со цел да превземеме акција околу економската ситуација во Еврозоната, а врз основа на презентацијата на претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, порача Ван Ромпуј во поканата за денешниот Самит на Советот.

Овој евро-самит доаѓа во вистински момент по најавата за нова криза во Еврозоната која овојпат се најавува дека ќе биде предизвикана поради економскиот крах на Кипар, па затоа вечерва размена на информации и презентација на состојбата на земјите што го користат еврото во ЕУ, на Самитот ќе изврши и новиот претседател на Еврогрупата, Џероен Дијселблом.

А, како што е пракса пред секој Самит на Европскиот совет, попладнево во Брисел ќе се одржи Самит и на Европските народни партии (ЕПП), каде придружен член е и македонската владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ. Но, за првпат по подолг период, на средбата на лидерите на ЕПП, каде меѓудругото се 17 претседатели/премиери на земји од ЕУ, овојпат ќе го нема премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, кој во последен момент го откажа своето присуство на овој еминентен состанок.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он