НБРМ: Банките стабилни, инфлацијата забавува, девизните резерви растат

Од:

Амбиентот за водење на монетарната политика во феруари е стабилен. Ликвидноста на банкарскиот сектор се одржуваше стабилно и на соодветно ниво и забележано е зголемено кредитирање на нето-извозниците и за фирмите за производство на електрична енергија. Инфлацијата бележи забавување, а девизните резерви од почетокот на годината раст.

Ова е констатирано на Комитетот за оперативна монетарна политика, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари во текот на февруари 2013 година.

Како што соопшти Народна банка на Република Македонија, движењата на домашните пазари на пари беа стабилни и се карактеризираа со активно тргување со депозити, хартии од вредност и девизи. Банките активно ги користеа расположливите монетарни инструменти и флексибилно управуваа со ликвидноста. Воедно, најновите промени кај задолжителната резерва почнаа да придонесуваат за зголемено одобрување кредити за нето-извозниците и за фирмите за производство на електрична енергија, така што во изминатите два месеца банките вкупно одобриле нови кредити за овие сектори во износ од околу 1.100 милиони денари.

Податоците за инфлацијата за февруари 2013 година покажуваат натамошно забавување на инфлацијата, при што годишниот раст на ценовното ниво во првите два месеца е малку побавен во споредба со последните проекции.

Ризиците околу проектираната стапка на инфлација и понатаму се оценуваат како надолни. Сепак, динамиката на раст на базичната инфлација е побрза од очекувањата, покажувајќи веројатно поголеми преносни ефекти од првично оценетите. Девизните резерви од почетокот на годината бележат раст, што упатува на поволна позиција на билансот на плаќања. Растот на девизните резерви е поддржан од приливите на државата врз основа на надворешно задолжување, како и од интервенциите на НБРМ на девизниот пазар, каде што движењата се релативно стабилни. Динамиката на раст на девизните резерви е во согласност со очекувањата, при што тие и понатаму се одржуваат на адекватното ниво и се доволни за апсорбирање на евентуалните неповолни шокови. Првичните податоци за кредитниот пазар за февруари покажуваат слаба кредитна активност, сигнализирајќи ја воздржаноста на банките, во услови на присутни ризици во реалниот сектор.

Расположливите показатели за економската активност, исто така, засега не упатуваат на поголемо подобрување на состојбата во реалниот сектор.

Би можело да ве интересира

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра

Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%

Ангеловска-Бежоска − Салас: Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен

Нацевска: Рамката на раководење и транспарентноста клучни за одржување на кредибилитетот на централните банки

Граѓаните да внимаваат, има опасна измама за кражба на податоци од платежни картички предупредува Народна банка

Катерина Ѓуровски