Маж од Москва е осуден на пет години затвор за напад врз полицаец со мачка, јавуваат руските медиуми.
Осомничениот, Генади Шчербаков, ја затресе мачката и ја фрли кон полицаецот кога му се приближи на улицата, вели очевидец.
Службеникот кој бил на местото по пријава за бучава, се здобил со сериозни гребнатини на лицето.
Шчербаков доби кривична пријава за напад врз службено лице.
Случајот отиде на суд една година по инцидентот, пренесува База.
Руската телевизија Рен објави дека на 4 октомври 2018 година, Шчербаков седел на скалите на зградата во Москва. Тој, наводно, бил пијан. Соседите пријавиле дека некој правел бучава, а кога пристигнал полицискиот службеник, Шчербаков не сакал да соработува ниту да одговара на прашања.
Тој е обвинет бидејки ја зграбил мачката и ја фрлил кон полицаецот, по што животното го повредило службеното лице.
Шчербаков негира дека ја користел мачката како оружје.