Осумдневен притвор за тројца џепчии во Гостивар

Од:

Основното јавно обвинителство од Гостивар отвори постапка против три лица осомничени за две тешки кражби.

Осомничените, од кои еден е државјанин на Република Северна Македонија, а другите двајца се државјани на Косово, во вторникот со возило „фолксваген голф 4“ со косовски таблици се паркирале во близина на Градскиот пазар во Гостивар, по што пешки се упатиле кон пазарот и од задниот џеб на едно лице украле паричник со лични документи и банкарска картичка.

Истиот ден, од друго оштетено лице одзеле паричник во кој имало околу 5.000 денари, две картички од трансакциски сметки и други лични документи. При обидот да избегаат, се забележани и сопрени од полициски службеници.

По предлог од надлежниот јавен обвинител одреден им е притвор во траење од осум дена.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма