Европскиот парламент го отфрли Договорот за Буџетот на ЕУ

Од:

Европскиот парламент на денешното гласање со огромно мнозинство ја усвои Резлуцијата, подготвена од парламентарните групи на Народните парти, Социјалистите и демократите, Либералите, Зелените и Обединетатат левица, со која се дефинира позицијата на ова тело во однос на долгорочниот Буџет на ЕУ за периодот 2014-2020 година.

„За“ резолуцијата гласаа 506 европратеници, 161 беа „против“, а 23 „воздржани“, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Европратениците сметаат дека договорот не е добар и дека разликата од околу 60 милијарди евра меѓу предвидените трошоци и приходи е неприфатлива, бидејќи Европската унија не може да функционира со дефицит.

Во усвоената резолуција се бара поголема флексибилност на Буџетот и оптимална распределба на средствата. Европратениците бараат повеќегодишниот буџет повторно да се разгледува на половината од периодот, со цел новиот состав на ЕП по изборите во 2014 година да има можност да влијае врз буџетот на ЕУ.

На крајот европратениците бараат Европската Унија да се стекне со свои сопствени извори на финансирање. Истовремено ЕП сака сите трошоци на ЕУ да бидат финансирани од буџетот, а не одвоено.

За да биде прифатен Договорот за буџетот на ЕУ мора да биде одбрен и од Европскиот парламент, кој изразува загриженоста поради се поголемиот проблем со недоволната висина на  кредитите.

Ирската министерка за европски прашања Лусинда Крејтон, чија земја претседава со ЕУ, истакна дека се мали шансите за постигнување договор меѓу Европскиот совет и ЕП, околу флексибилноста на буџетот и ревизијата на половина период.

– Советот оценува дека во февруари даде солиден резултат и дека се достигнати границите на можното во таа прилика, рече Крејтон.

Во отсуството на договор меѓу ЕП и Европскиот совет до почетокот на 2014 година, плафонот на повеќегодишната финансиска рамка на буџетот во 2013 година ќе биде прилагоден согласно инфлацијата.

Би можело да ве интересира

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација