ПКК ослободи осуммина киданпирани Турци

Од:

Сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК) ослободи осуммина киднапирани Турци, кои ги држеше како заложници во северниот дел на Ирак, соопшти денеска пратеник на курдската Партија за мир и демократија (БДП) во турското Собрание.

Како што јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк, делегација на турски пратеници од редовите на БДП веќе заминале за Северен Ирак за да ги преземат ослободените заложници.

Осуммината Турци беа киднапирани во различни временски периоди од страна на припадници на ПКК во Дијарбекир, Ван, Муп, Бинѓол и Шарнак во југоситочна Турција, по што биле пренесени во базите на организацијата во планинските региони на Северен Ирак.

Ослободувањето на киднапираните Турци доаѓа во време кога турските власти одржуваат преговори за мирно решавање на курдскиот проблем со лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, кој отслужува доживотна затворска казна во затвор во Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски