Претседателот на Чиле ја укина вонредната состојба во земјата

Од:

Претседателот на Чиле, Себастијан Пинера, ја потврди одлуката за укинување на вонредната состојба во главниот град и другите региони на земјата, пренесоа светските агенции.

„Претседателот Пинера ги потпиша сите неопходни документи за денеска да се укине вонредната состојба ви сите региони и општини, во кои беше воведена“, соошти администрацијата на претседателот.

На 14 октомври во престолнината Сантјаго почнаа протести, што преминаа во безредија и судири со полицијата, откако цената на билетот за метрото беше зголемена просечно за 30 пезоси (0,04 долара) до максимумот од 850 пезоси (1,2 долара). Безредијата потоа зафатија и други градови во земјата.

Пинера прогласи вонредна состојба и полициски час во престолнината и повеќе други градови. Претседателот, исто така, го укина зголемувањето на цените на билетите за јавниот превоз.

Според податоците на власта, во судирите загинаа 19 лица.

Претходно неделата шефот на државата прогласи и серија мерки за социјална помош на населението, вклучувајќи го и зголемувањето на пензиите и намалување на цената на струјата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера