Претседателот на Чиле, Себастијан Пинера денеска повика на реконструкција на Владата во обид да ги смири демонстрантите, кои веќе една недела протестираат против нееднаквоста во таа јужноамериканска земја.
– Ги предупредив сите мои министри за да го реконструирам новиот кабинет и да се соочат со овие нови барања, изјави Пинера пред новинарите.
Изјавата ја даде по масовниот, но мирен протест, за време на кој синоќа, еден милион Чилеанци излегоа на улиците на Сантијаго барајќи реформи на економскиот модел на земјата.