Актерката Кортни Кокс ги изненади обожавателите со фотографија на која седи во џакузи со Дејвид Бекам.
За среќа, пред да почнат негативните реакции на истата објава има прикачено уште една фотографија, на која заедно со нив во џакузито седат и актерите Џеси Тајлер и Ерик Стонестрит од серијата „Модерно семејство“.
Така стана јасно дека 44-годишниот поранешен фудбалер и 55-годишната ѕвезда од серијалот „Пријатели“ се на сетот на „Модерно семејство“ заедно со остатокот од тимот, чијшто Бекам е голем фан, пишува index.hr.
Бекам подоцна објави фотографија каде заедно го читаат сценариото за нивните улоги.
Запознав нова ПРИЈАТЕЛКА, на работа, се пошегува Бекам.