Централноафриканската Република сака руска воена база на своја територија

Од:

Централноафриканската Република разгледува можност за отворање на руска воена база, изјави денеска претседателот на африканската република Фостен Арканж Туадер.

Тој пред средбата со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу посочи дека ќе побара од Москва да ја снабди неговата земја со ново оружје.

Барањата на Туадер уследија по првиот Самит Русија – Африка, што претходните два дена се одржа во Сочи.

Генералниот директор на „Рособоронекспорт“, Александар Михејев на маргините на Самитот изјави дека Русија планира годинава да и испорача на Африка оружје во вредност од четири милијарди долари

– Се работи за техника во воздухопловството и противвоздушната одбрана, оклопни возила, малокалибарско оружје и противтенковски ракетни системи, наведе Михејев.

Тој додаде дека Русија со оружје снабдува 20 африкански држави, меѓу кои Уганда, Руанда, Мозамбик и Ангола.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски