Вајдман: Кризата во еврозоната не е завршена

Од:

Должничката криза во еврозоната не е завршена, реформите во Франција се бавни и германската централна банка значително ги зголеми сопствените резервации за покривање на евентуалните загуби од ризичните мерки на Европската централна банка (ЕЦБ), соопшти германскиот гевернер Јенс Вајдман.

Според Вајдман, главниот столб на реформите на банкарскиот систем треба да биде рамка за реструктуирање на проблематичните банки, со што трошоците да паднат на товат на акционерите и доверителите, а не даночните обврзници.

Тој, како член на извршниот одбор на ЕБЦ, се противи на планираната програма на ЕЦБ за купување обврзници, договорена во септември лани. Имано, тој смета дека владите треба со реформи да придонесат за излез од кризата, а не да бараат помош од ЕЦБ.
„Кризата се упте не е завршена и покрај неодамнешното смирување на состојбата на финансиските пазари“, рече Вајдман.

Пазарниот притисок на најзадолжените земји како Италија и Шпанија се намали откако ЕЦБ објави дека ќе откупува обврзници од земјите во криза да се намали јавниот дефицит, но Вајдман е загрижен поради тие ризици. Покрај тоа, ЕЦБ за да им помогне на банките во криза прифаќа помалку квалитетни имоти во замена за готовина, со што се излагаат на големи загуби во случај на проблеми со повратот.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он