Новиот круг преговори за членство на Турција во Европската унија ќе почнат на пролет, изјави шефот на шведската дипломатија Фредрик Рејнфелд на пресконференцијата во Стокхолм со турскиот претседател Абдула Ѓул.
Ѓул, кој е во посета на Шведска, на покана на шведскиот крал Карл Шеснаесетти, истакна дека Турција е решена да ги заврши преговорите за членство во ЕУ.
– За жал некои земји-членки на ЕУ создаваат вештачки пречки, за да го прекинат тој процес. Тоа ни создава проблеми, но тоа не е причина да се откажеме од членството во ЕУ, истакна Ѓул.
Тој посочи дека Турција ги исполнила критериумите од Мастрихт, за да стане демократска држава, покрај тоа има подобри економски показатели отколку повеќето земји-членки на Унијата.
Рејнфелд и Ѓул разговараа и за нов устав на Турција, при што шведскиот министер наведе дека неопходно е да се зголеми слободата на изразување и правата на етничките малцинства.