Украдени акумулатори од светилките на видиковците на Водно

Од:

Осум акумулатори од светилките на соларна енергија што го осветлуваат првиот видиковец во парк-шумата „Водно“ и на уште шест акумулатори од светилките на соларна енергија од вториот видиковец се украдени минатата недела од непознати сторители.

Светилките што ги осветлуваат двата видиковци се сопственост на Градот Скопје, а вредноста на украдените акумулатори изнесува 280.000 денари.

Градот Скопје извршената кражба ја пријави во полицијата која трага по сторителите.

Градот Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат поставената урбана опрема и  зелените јавни површини, како и да се придржуваат кон комуналниот ред.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница