Вработените и присутните во седиштето на Светската трговска организација (СТО) во Женева се евакуирани денеска по добиената закана дека во зградата е поставена бомба.
Претставник на СТО информира дека во тек е акција на специјалните полициски тимови кои трагаат по евентуалната експлозивна направа.