Могерини: Одбивањето на Скопје и Тирана е повеќе од промашена шанса, тоа е историска грешка

Од:

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ во заминување, Федерика Могерини, оцени дека одложувањето на одлуката на Европскиот совет за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, не е само пропуштена шанса, туку е историска грешка.

Сумирајќи ги резултатите од минатонеделните состаноци на ЕУ во Брисел, Могерини на својот блог во текстот насловен „Две одлуки, една грешка“, истакнува дека шефовите на држави и влади ја одложија одлуката за преговори и покрај извонредниот напредок што го постигнаа двете земји и позитивната препорака од Европската комисија.

– Тоа е повеќе од пропуштена шанса, тоа е историска грешка што се надевам дека наскоро ќе биде поправена, вели Могерини.

За разлика од „грешката“ кон Северна Македонија и Албанија, Могерини како добри ги оценува одлуките на европските лидери за Брегзит и за турската воена интервенција во Сирија

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати