Непознати лица во округот Коџаели, во северозападна Турција, украле железен мост тежок 22 тони, соопшти весникот „Јени шафак“.
Постот, изграден над локалната река, претставувал врска на жителите од селото Ихсаније, близу Гиолдџук со насадите со овошје, од другата страна на реката. Вчера изутрина селаните се упатиле кон овоштарниците и се изненадиле кога виделе дека мостот повеќе го нема.
Полицијата утврди дека непознати лица го демонтирале мостот, долг околу 25 метри и широк 2,5 метри, го натовариле на камион, веројатно за да го продадат како старо железо.
Вредноста на мост со тежина од 22 тони изнесува околу 20 илјади турски лири, односно 8,5 илјади евра.
Полицијата води истрага за настанот.