Поранешниот судија на „Икс фактор“, Роби Вилијамс, знае да привлече внимание. Тој на својот Твитер профил објави фотографија на која позира гол додека ги покрива интимните делови со рацете.
„Ќе откријам нешто големо утре“, напиша Роби.
I’m revealing something huge tomorrow x
Thanks to @collagebygrey for the artwork pic.twitter.com/fc4bTXWOEx
— Robbie Williams (@robbiewilliams) October 17, 2019
Многумина сметаат дека пејачот наскоро ќе го објави својот прв Божиќен албум, пренесува Дејли Стар. Тие тврдат дека Роби Вилијамс напорно работи на новите песни и дека наскоро ќе се појават пред публиката, но не се знае точно кој датум.
За да го промовира новиот албум и да работи на песните, Роби мораше да го откаже учеството во шоуто „Икс Фактор“.