Европската унија со нов закон забрани продажба на козметички препарати кои содржат состојки тестирани врз животни.
Целосната забрана за продажба на производите ќе стапи на сила од денес, со што на земјите членки ќе им се забрани увоз и продажба, а секој кој сака да продава нови козметички производи и состојки не смее да ги тестира на животните каде било во светот.
Оваа одлука ја поздравија организациите за заштита на животните, но трговската групација „Cosmetics Europe“, која е претставник на козметичката индустрија на ЕУ, проценката на 71 милијарда, оценува дека таа ја загрозува иновацијата на овој сектор, како и конкурентноста на козметичката индустрија на унијата.
Иако во иднина лабораториските животни ќе бидат поштедени од тестирањата на состојките, потрошувачите нема да забележат никаква промена, бидејќи и понатаму може да се продава козметика која и досега беше на пазарот.
Елена Георгиевска