(ВИДЕО) Арсовски: Ангеловска по наредба на Заев ја задолжи Македонија за над 150 милиони евра за само 45 дена

Од:

„Во моментов се одржува аукцијата за трето по ред задолжување на новата министерка Нина Ангеловска откако е министер за финансии во последните 45 дена.

Денеска Заев и Нина Ангеловска ќе ја задолжат државата за нови 53.6 милиони евра.

Денеска Заев и Нина Ангеловска уште повеќе со ова задолжување ќе ја осиромашат државата и граѓаните на Република Македонија“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„За само 45 дена министерката Нина Ангеловска по наредба на Заев ја задолжија Македонија и граѓаните за над 150 милиони евра. Тоа е во просек над 3 милиони евра дневно задолжување во изминативе 45 дена.

Психолошката граница на долгот одамна е помината.

До сега, никаков проект немаме видено дека се реализирал или дека воопшто отпочнала реализација, кој е од корист на граѓаните. Реализацијата на капиталните инвестиции заклучно со месец август е ниски 28.16%, што е најниска во историјата до сега.

Додека државата енормно се задолжува, економијата доживува крах и распад, а криминалот и корупцијата цветаат.

Додека граѓаните преку сиромаштијата ги трпат последиците на задолжувањето од страна на неискусната министерка и нејзиниот наредбодавач Заев, гледаме јавно на снимки како премиер и министри земаат мито, гледаме како се местат тендери секо ден, гледаме како се рекетира на секој чекор од страна на функционерите на власта.

Погрешните политики во економско – финансискиот дел на Владата, неискуството на новата министерка и криминогениот начин на работење на премиерот и функционерите на СДСМ доведуваат до пропаст на економијата и иселувањето на граѓаните. Над половина милион граѓани живеат во сиромаштија, а толку се и иселија.

Затоа, потребна е коренита обнова на Македонија и домаќинско работење со државната каса од луѓе со искуство и визија.

Тоа ќе се случи веднаш откако СДСМ ќе падне од власт“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби, измислувањето приказни не им поминува

Кузеска: ДПМНЕ го пушти Груби да избега и целосната одговорност е кај нив

Џабе се прпелкате му порача СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ кој обвинува дека и Ахмети и СДСМ знаеле за криминалите на Груби

Лефков: СДС знаеле за криминалот на Груби од црната листа и од Лотарија, не реагирале за да не падне владата

Катерина Ѓуровски

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници да размислат за нивната раздорна реторика и постапки

Кузеска: Скандалозен е изборот на сопругата на градоначалникот на Радовиш за членка на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски