Блок: Северна Македонија е поподготвена од Албанија

Од:

Министерот за надворешни работи на Холандија Стеф Блок денеска ја повтори позицијата на неговата земја дека Северна Македонија е поподготвена од Албанија за почеток на преговорите со ЕУ.

Пред почетокот на Советот на министри на ЕУ во Луксембург на кој ќе се расправа за старт на пристапните преговори со Скопје и Тирана, Блок изјави дека позицијата на Холандија е дека секоја земја треба да биде оценувана според исполнувањето на критериумите.

– Двете земји направија големи напори. Во однос на Северна Македонија мислиме дека треба да биде преземен уште еден важен чекор, а тоа е законот за јавно обвинителство. Ако тој услов биде исполнет мислиме дека пристапните преговори треба да почнат. Во однос на Албанија, пак, мислиме дека треба да заврши уште многу работа и оти се уште не е подготвена за почеток на преговори, рече Блок.

Прашан дали законот за јавно обвинителство е услов за почнување преговори, Блок не даде прецизен одговор. Кажа дека во секој случај таков закон треба да се имплементира, бидејќи владеењето на правото е клучен критериум за пристапување кон ЕУ.

На прашање дали ќе биде испратен лош сигна за регионот ако не биде одобрен старт на преговорите и дали тоа значи дека ЕУ ги менува критериумите за членство, Блок кажа дека воопшто нема промена на критериумите.

– Главниот сигнал што се испраќа е дека штом земјата кандидат ги исполни критериумите кои се познати, проистапните преговори можат да почнат. Нема ништо ново во тоа. Тоа е праведно и фер, изјави шефот на холандската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Никогаш нема да се повлечеме од преговори со ЕУ, цел на оваа Влада е државата да стане дел од Унијата

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: ЕУ, САД и НАТО ја зајакнаа својата заедничка позиција за Украина

Горан Наумовски

Европските лидери поставија пет услови пред средбата Путин-Трамп

ЕУ подготвува нови санкции кон Русија

Калас: Нема отстапки додека Русија не се согласи на безусловно примирје

Орбан: Единствен разумен потег на лидерите на ЕУ е да започнат самит ЕУ-Русија