Чешки денови по повод 30 години од „Кадифената револуција“

Од:

Амбасадата на Република Чешка деновиве организира серија настани по повод 30 години од „Кадифената револуција“ во Чехословачка.

На Меѓународниот фестивал „Богородичен покров“ што почнува денеска и ќе трае до 19 октомври, ќе бидат прикажани два чешки документарни филма „Црвена“ од режисерката Олга Сомерова и ,,Мојот век“ од режисерката Теодора Ремундова.

На 29 октомври амбасадата на Република Чешка во Скопје ќе организира изложба на фотографии „1989 низ очите на фотографот“ на која ќе бидат прикажани серија од фотографии направени за време на големите протести.

На 2 и 3 ноември во Скопје ќе почне фестивалот на Европскиот филм „Cinedays“ на кој ќе бидат прикажани повеќе чешки филмови: „Граѓанинот Хавел“ во режија на Мирослав Јанек и Павел Коутецки, „Чад“ во режија на Томаш Ворел, „Животот според Вацлав Хавел“ во режија на Андреа Седлачкова, „Времето на слугите“ во режија на Ирена Павласкова.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање