Компанијата „Гугл“ најави дека ќе отпушти 1.200 вработени во Моторола Мобилитиј.
Од компанијата соопштија дека ова отпуштање е дел од планот за намалување на трошоците најавени минатото лето.
„Гугл“ во август минатата година отпушти 4.000 вработени во Моторола Мобилитиј.
Новиот бран на откази ќе ги зафати вработените во САД, Кина и Индија.
Причините за откази се големите трошоци и фактот дека компанијата работи на пазари на кои не е конкурентна, што предизвикува големо губење на пари.