Габер: Академијата работи професионално и не фаворизира одредени кандидати

Од:

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Наташа Габер Дамјановска денеска изјави дека Комисијата, вработени во Академијата и таа лично работат строго професионално и оти не се фаворизираат одредени кандидати за слушатели на почетна обука.

-На јавниот оглас на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ за прием на 60 слушатели на почетна обука се јавија 670 кандидати, кои прво го полагаа јазичниот тест и на кој отпаднаа повеќе од стотина кандидати. На квалификацискиот испит отидоа да полагаат околу 500 кандидати, на кој паднаа околу стотина, а следниот викенд ќе се полагаат психолошкиот тест и тестот за интегритет. Четиристотини и четири кандидати продолжуваат понатаму, изјави директорката на Академијата, Наташа Габер Дамјановска одговарајќи на прашањето во врска со наводите дека местата за обука биле загарантирани за одредени кандидати.

Таа рече дека не би знаела како може да се каже за било кои кандидати дека се фаворизирани или не, бидејќи како Академија ги заштитуваат иницијално кандидатите кога тие ги поднесуваат своите документи со шифри и додаде дека на секој дел од тестот има дополнителна шифра која заштитува со цел да се обезбеди објективност во полагањето.

-Тоа особено важеше за квалификацискиот дел и исто така ќе се постапи и во понатамошните фази, затоа што и при полагањето на психолошкиот тест самите психолози посебно ги кодираат и имаат посебни броеви за секое од оние лица кои полагаат, без разлика на нивниот реден број што го добиваат од Академијата, рече Габер и посочи дека Академијата планира на ист начин да постапи и за вториот – практичен дел од полагањето на испитот со цел да се обезбеди објективност.

-Цврсто стојам позади тоа дека и Комисијата и самите вработени во Академијата и јас лично работиме строго професионално, рече Габер.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска повторно реагира за назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители: Законите важат подеднакво за сите

Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството

(ВИДЕО) Лефков: СДС прави упад во Академијата за судии и јавни обвинители

Лефков: Советот на јавни обвинители ја назначил сопствената претседателка за член на УО на Академијата за судии и обвинители, веднаш да ја отповика

Ирина Трајкоска Стрезоски избрана за директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Има индиции на злоупотреби во Академијата за судии и обвинители, ова е доказ дека во државата има партиски октроирано и заробено обвинителство и судство