На еден 30-годишен Јапонец во Париз му украле саат вреден 800.000 евра, се дознава од полициски извори. Бизнисменот останал без луксузниот личен предмет кога завчера вечер излегол пред луксузниот хотел каде што отседнал.
Непознатиот човек му пришол барајќи му цигара. Кусо потоа, крадецот ја зграпчил раката на Јапонецот, му го зел часовникот и побегнал.
Саатот од брендот „Richard Mille”, модел „Tourbillon diamond twister” се проценува на 768.000 евра.
Во бегството, на крадецот му испаднал мобилниот телефон.