Силен земјотрес во близина на Папуа-Нова Гвинеја

Од:

Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на Папуа-Нова Гвинеја, соопшти Американскиот геофизички институт.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета, ниту пак е издадено предупредување за појава на цунами.

Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 84 километри под морското дно, на 320 километри од главниот град на Папуа-Нова Гвинеја, Порт Морсби.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес во Тајван

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Силен земјотрес во централна Албанија

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

Горан Наумовски