Холандскиот парламент денеска одлучува за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Од:

Холандскиот парламент денеска треба да расправа за проширувањето на Европската унија и одлуката за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија за пристапување кон Унијата, објави холандската телевизија НОС.

Холандската телевизија наведува дека двете земји повеќе години работат на добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но засега тие се оставени на чекање, додека ставот на Холандија е дека земјите, особено Албанија, се уште не се целосно подготвени.

Во пресрет на дебатата, шефот на холандската дипломатија Стеф Блок, испрати писмо до Парламентот во кое, меѓу другото оценува дека холандската влада ја дели оценката на Европската комисија за нашата земја.

– Холандската влада ја дели оценката на Европската комисија дека Владата на Северна Македонија презеде многу позитивни чекори во изминатата година. Договорот од Преспа е пример за регионот и преземени се видливи чекори во реформската агенда. Продолжувањето на случаите на СЈО е обезбедено со нивниот трансфер во Јавното обвинителство. Значаен чекор што треба да се преземе е усвојување на закон што ќе гарантира независно гонење на можна идна корупција на највисоко ниво, пишува во Блок во писмото до параламентарците.

Претходно и премиерот Марк Руте, изјави дека според Владата Северна Македонија направила поголем напредок од Албанија. Оцени дека отворањето пристапни преговори со Албанија во овој момент би било прерано.

Германија, која исто така, беше воздржана околу одредување датум за преговори, неодамна донесе одлука за отворање на пристапните преговори под услов Албанија и Северна Македонија да исполнат одредени услови, како што се подобро функционирање на судството и ефикасна борба против организираниот криминал.

Тоа се истите услови што ги поставува и Холандија, но сепак се уште останува отворено прашањето дали холандскиот Парламент ќе донесе иста одлука како и германскиот Бундестаг.

Холандскиот парламент на 12 јуни годинава веќе расправаше за отворање преговори со двете земји. Парламентарците тогаш се согласија да бидат отворени преговорите со Северна Македонија, но со мнозинство гласови донесоа резолуција против старт на преговори со Албанија.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати