Скопјанец обвинет за разбојништво во спортска обложувалница

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинителен акт против едно лице за разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 27-годишен жител на Скопје, на 10 септември, со службено возило на фирмата во која работел како дистрибутер, дошол до спортска обложувалница на улицата „Благоја Стефковски“. Го паркирал возилото во непосредна близина на обложувалницата, со нож во раката влегол внатре и се заканил на еден вработен и на уште едно лице кое во тој момент се наоѓало во објектот. Притоа одзел 21.760 денари од касите на уплатно-исплатното место, 138.020 денари кои се наоѓале во ВЛТ апаратите, како и 24 исплатени тикети со вкупна сума од 55.283 денари. Откако го извршил разбојништвото, со возилото го напуштил местото и се упатил во правец на населбата Хиподром.

Со решение на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје на обвинетиот му беше определена мерка куќен притвор, а јавниот обвинител заедно со обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на оваа мерка, соопшти Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма