Покрај многуте други претскажувања, се чини, „Симпсонови“ ја предвиделе и Грета Тунберг. Имено, твитерџиите, но и луѓето на Фејсбук веќе почнаа да го споредуваат девојчето со Лиса Симпсон.
На истиот начин на кој Грета зборуваше во Обединетите Нации, Лиза тврди дека Спрингфилд нема да постои во следните педесет години.
Лиса е еден од главните ликови во цртаната серија, интелигентна е и принципиелен борец за правдата и она што е правилно. Меѓу другото, и таа, исто како и Тунберг, е жесток и гласен борец за поголема грижа и справување со климатските промени.
Серијата успеа предвреме да ги „предвиди“ и Доналд Трамп како претседател на САД, пропаста на некогаш славното списание „Тојс ар ас“, како и настап на Супербоул финалето во американско рагби.