„Катимерини“: Северна Македонија и Албанија клучни за одржување на рамнотежата на Балканот

Од:

Северна Македонија и Албанија се клучни земји за одржување на чувствителната рамнотежа на Балканот и иако веќе се членки на НАТО, тие треба да бидат вклучени и во Европската унија, со цел поцврсто да се сврзат за Западот, оценува електронското издание на атинскиот весник „Катимерини“.

Весникот наведува дека во однос на критериуми што треба да ги исполнат за прием во ЕУ, во моментов ниту Северна Македонија, ниту Албанија не се подготвени за зачленување во Унијата, иако е постигнат голем напредок, главно како резултат на притисок од Брисел.

– На еврократите им се добро познаат постојаните недостатоци, но повеќе се заинтересирани за создавање безбедносна мрежа за одржување на стабилноста и заштита на т.н. „мек стомак“ на Балканот, смета „Катимерини“.

Весникот оценува дека стратегијата на претседателот на Европската комисија во заминување, Жан-Клод Јункер за проширување на ЕУ и натаму е главната алатка на Брисел во овој процес, иако некои земји од Унијата се против идејата за прием на нови членки, главно поради свои домашни причини.

Според „Катимерини“, Северна Македонија, меѓу другото, треба да биде заштитена и од понатамошни мешања од Русија и не смее да се дозволи реформите што Брисел ги бара од двете земји да станат несовладлива пречка за нивно приближување кон ЕУ.

– На крајот на краиштата, Брисел ќе биде во многу подобра позиција да инсистира на овие реформи во двете држави во текот на нивниот пат кон членство во ЕУ, кој веројатно ќе биде долг и со многу предизвици, отколку ако реши да им ја затвори вратата пред нос, заклучува атинскиот весник.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати