Хаџибегиќ се срами што Црна Гора е последна на табелата

Од:

Селекторот на фудбалскиот национален тим на Црна Гора, Фарук Хаџибегиќ, рече дека се срами од позицијата на табелата на која се наоѓа тимот во моментов.

„Срам ми е што екипата која ја водам, е последна на табелата во групата. Не заслуживме да загубиме 0:3 од Чешка, треба да извлечеме поуки. Ни треба резултат и да покажеме лице по кое сите ќе нè респектираат“ – рече Хаџибегиќ при објавувањето на составот на „соколите“ пред дуелите со Бугарија и Косово.

Црногорците на 11 октомври се домаќини на Бугарија, а три дена подоцна гостуваат кај Косово, кој е најпријатно изненадување во групата и со Чешка се бори за второто место.

Би можело да ве интересира

Фудбалската федерација на Црна Гора ги прекина натпреварите поради влошената здравствена ситуација

А1он

УЕФА покренува истрага за местење натпревари во Црна Гора

Ана Ололовска