Ексразузнавачот Слободан Богојески и денеска не се појави да сведочи во случајот „Маѓар телеком“ како сведок кој го предложи одбраната. Причината е зашто немало доказ за уредна достава на судската покана.
Судијката Ленка Давиткова рече дека сведокот Слободан Богојески испратил поднесок до судот со кое посочува дека повторно е спречен да присуствува на рочиштето и дека ниту ги познава обвинетите ниту нивните дејствија.
Обвинителката Лиле Стефанова рече дека не ја знае причината зошто Богојески не се појавува, но рочиштата се одлагаат поради неговото неприсуство и дека на следните рочишта да бидат повикани и други сведоци за да не се одложуваат судењата.
„Богојески беше предложен од одбраната и тој даде исказ во Обвинителството за настаните кои следуваа потоа“, рече Стефанова.
На следното рочиште на 30 септември треба да сведочи Михалис Кефалојанис.
Во предметот обвинети се тројца екс-директори на „Телеком“: Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, за злоупотреба на службената положба, кои повеќе од седум години се недостапни за органите на прогонот.