Се отвора театарска сцена во Порта Македонија

Од:

Во Порта Македонија, се промовира нов сценски простор, кој има 80 седишта.

Вечерва, премиерно се одигра претставата „Брачна игра” од Едвард Олби, во режија на Бојана Краљевска.

Со оваа претстава, во која играат младите актери Сања Русевска и Марко Трајковиќ, се промовира но¬ви¬от сценски простор во Портата, кој ќе биде сцена на Македонскиот народен театар.

Според уметничкиот директор на МНТ Дејан Пројковски, идејата е да се разработи Галеријата во Портата, која е на две нивоа, како театар кој ќе биде освежување и промена за публиката.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање