Ларкин е упорен да добие европски пасош

Од:

Кошаркарот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, би сакал да учествува во квалификациите за место на Олимписките игри 2020 година, и тоа за некоја европска селекција.

Бидејќи за селекцијата на САД ќе настапуваат кошаркари само од НБА лигата, Ларкин шансата за играње на олимпискиот турнир гледа преку натурализација. Тој пред некој ден кажа дека би сакал да земе хрватски пасош и да игра за „коцкестите“, но тамошната федерација не е заинтересирана да зема странци во националниот тим, иако Ларкин би бил големо засилување.

Откако доби негативен одговор од Хрватска, сега Ларкин вели дека би му било чест ако настапува за репрезентацијата на Турција, земјата во која што живее и игра. Ларкин со истанбулски Ефес стана првак на Турција и дојде до финале на Евролигата.

Би можело да ве интересира

Ердоган лично ургира за Ларкин да земе турски пасош

Владимир Штимац потпиша за Фенербахче

Фенербахче со неверојатен пресврт до трофејот во Турција

Наум Локоски