(ВИДЕО) Васев: Заев наредува, а Нина исполнува

Од:

„Уште не се исушило мастилото од потписот на министерката за финансии Нина Ангеловска од последното задолжување од 62 милиони евра, а веќе се најавува ново задолжување од најмалку 40 милиони евра.

Повторно Заев наредува, а Нина исполнува. Во вторник 24 септември Министерството за финансии преку аукција на државни хартии од вредност ќе ја задолжи државата за најмалку 40 милиони евра. Со тоа министерството за финансии и владата под директна контрола на Зоран Заев ќе ги задолжи граѓаните за 102 милиони евра за една недела“, рече Светислав Васев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Повторувам, 102 милиони евра за една недела, а ефект од тоа граѓаните и државата не гледаат.

Јавниот долг веќе надминува 5,3 милијарди евра, ништо од тоа нема. Капитални инвестиции се кратат, нема проекти, нема нови мерки. Граѓаните се се посиромашни.

Капиталните инвестиции од почетокот на годината до јули изнесуваат само 24,5%. Повторувам само 24,5% за повеќе од половина година.

Да биде пострашно овие огромни задолжувања се случуваат во период кога уште погласно се зборува за нови 3000 вработувања во јавната администрација кои доаѓаат како последица на коалициски договор помеѓу партнерите од власта. Тоа се нови 3000 вработувања со кои што треба да се мотивираат и онака членовите на апатичната власт да излезат на избори.

Ете затоа Македонија тоне во рекет, корупција и криминал, затоа гледаме како луѓе се иселуваат и ја напуштаат државата.

Заради нивното расипничко однесување економијата е во колапс и се случува крах и во образованието, здравството, земјоделието, се случува крах во секоја една пора во општеството. Македонија се празни, а се полнат Луј Витон торбите на функционерите од власта.
На оваа власт во заминување ќе одговара за се и пред законот и пред народот.

Време е за смена на СДСМ, време е за предвремени парламентарни избори. Потребна е обнова на Македонија“, изјави Светислав Васев од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС