Имамите од џамиите во цела Турција за време на денешната петочна молитва го осудија насилството врз жените, додавајќи дека тоа не е во согласност со исламот.
Во обраќањето на имамите подготвено од Дирекцијата за верски прашања беше осудено насилството и се апелираше за почит кон жените.
За жал, денес жените се жртви на насилство, притисок и малтретирање секаде во светот. Тие грозни дела произлегуваат од непочитувањето, суровоста и недостигот на совест. Поврзувањето на таквото однесување со исламот е потажно од самото дејствување, бидејќи Куранот и суните не толерираат насилство и суровост, се наведува во текстот прочитан од имамите.
Имамите потенцираа дека пророкот Мухамед истакнувал дека мажите кон жените треба да се однесуваат со најголемо внимание.