Судар кај Врање меѓу македонско и српско возило, има жртви

Од:

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска попладне во близина на Врање, на автопатот во насока од Владичин Хан, загина едно лице.

Автомобилот марка „голф“ со српски регистарски таблички, по сударот излетал од патот и на лице место загинало едно лице, а најмалку двајца биле повредени.

Патниците од другиот автомобил се полесно повредени, а во него се активирале воздушните перничиња. Станува збор за возило со холандска регистрација, а во него биле македонски државјани кои се враќале од Холандија, каде го купиле автомобилот.

Се уште не се знае што точно се случило и кој ја предизвикал несреќата.

Би можело да ве интересира

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

20-годишник од прилепско загина во тешка сообраќајна несреќа

Измамен тетовец, платил 21 илјада евра за роба која не ја добил

Катерина Ѓуровски

Му зел 800 евра, го излажал дека ќе му пренесе автомобил од странство

Затруен од наркотици, кавадарчанец пронајден во бессознание во двор