(ВИДЕО) Трипуновски: Лозарите имаат реален проблем и тој е креиран од оваа власт

Од:

„Трајан Димковски се исплаши, па мораше да го повика на помош Љупчо Николовски да го брани. Љупчо и ти и Трајан и Зоран Заев, сите заедно сте виновни за лошата ситуација во македонското земјоделство.

Лозарите имаат реален проблем и тој е креиран од оваа власт. Додека лозарите одат со испукани петици и скинати патики, вие кратите пари наменете за земјоделците, пиете скапи вина и јадете луксузни јадења.

Ти Љупчо заедно со Зоран Заев им ветивте на лозарите сигурен откуп и високи откупни цени. Па нели ти е срам Љупчо што три години ништо не направивте!? Сигурен откуп нема, а цените се ниски, по ниски од што беа“, рече Цветан Трипуновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„За тутунарите подобро и да не зборуваме. Што ќе им кажете? Дека вашиот партиски функционер Кире Неделковски украл 300.000 евра од тутунарите? Дека го штитите од институциите да не го процесуираат неговиот криминал!?

Љупчо вие немате ама баш никаков кредибилитет да зборувате за земјоделците, бидејќи не сте ја виделе и почувствувале земјодлеската мака.

Земјоделците се напатени луѓе, кои со што многу труд и пот си го заработуваат лебот. Немојте само да им го земате од уста.

Но Љупчо, бидејќи Трајан те викна тебе да го браниш, а ти сигурно ќе го викнеш Зоран Заев, кажи му на Заев дека земјоделците не ви простуваат. Од тука од земјоделска Струмица јас ви порачувам дека на СДСМ му се гледа крајот“, изјави Цветан Трипуновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС