(ВИДЕО) Николовски: Во последните две години обезбедивме вистинска грижа за земјоделците, го развиваме земјоделството како клучна стопанска гранка

Од:

„Денешната прес конференција е наменета за секоторот земјоделство, заради тоа што во изминатите неколку дена се случија низа на неколку политички манипулации од страна на поединци од некои политички партии коишто сакаа да ги злоупотребат целосно фармерите и земјоделците.

Водејќи се од тоа бев доскорешен министер сметам дека целокупната јавност треба да биде запознаена со реализацијата на изборната програма на што, и сум лично горд, но и сум горд како дел од раководството на СДСМ, што најголем дел од изборната програма ветена пред граѓаните веќе во овој секор е целосно реализирана.

Одговорно, домаќински, како што доликува на една државничка партија каква што е СДСМ, ги решаваме проблемите на граѓаните и се грижиме за нив“, рече Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

„Земјоделството е еден од носечките столбови на економијата. Затоа бевме и се уште сме фокусирани на конкретни мерки кои значат грижа за земјоделците, рентабилно производство и поголеми приходи.

Јас сум особено горд на тоа, не лично заради мене, туку заради социјалдемократската опција зад која стојам и заради земјоделците коишто заслужуваат вистинска грижа.

Потврда за тоа се изминатите 2 години во кои Владата предводена од СДСМ се посвети на унапредување на земјоделството и вистинска грижа за земјоделците.

За прв пат после 11 години, имаме редовна, континуирана и неселективна исплата на субвенциите, без правење на било какви партиски списоци за што бевме сведоци. Дополнително, исплатени се и заостанатите, долгови кон земјоделците. Така, од 1-ви јуни 2017 година па до сега се исплатени долговите од 2013, 2014 и 2015 година кои минатата власт не ги сервисирала навремено и ги пренаменувала кон непродуктивни трошоци.

Наместо проблемите да ги ставаме „под тепих“ како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, решивме да се соочиме со нив и да ги решаваме во интерес на земјоделците. Решивме долгогодишен проблем што ги тиштеше лозарите од Тиквешијата. Се исплатија 77 милиони денари на 2.048 лозари по основ на долгот што винарските визби го имаа кон лозарите во периодот од 2014 до 2016 година.

Над 1 милион евра на 6.240 лозари, за дополнителната субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби. Со оваа се заокружи целосната исплата на субвенции за лозарството за мерките од 2018 година. Без доцнење, без селекција, без тактизирање ги исполнуваме сите наши обврски спрема земјоделците.

Решавајќи ги напластените проблеми од минатотото, со силна посветеност и макимално вложен труд истовремено работевме и на развојните елементи во земјоделството и руралниот развој“, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата