Претседателот на Европскиот комитет на регионите во посета на земјава

Од:

Претседателот на Европскиот комитет на регионите, Карл-Хајнц Ламберц, кој од вчера престојува во дводневна работна посета на Република Северна Македонија, денеска ќе има средба со неговиот домаќин, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а ќе биде примен и од шефот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Парламентот, Талат Џафери.

Ламберц ќе оствари средби и со министрот за локална самоуправа Горан Милевски, како и со претседателот на Заедницата на единиците на локални самоуправи (ЗЕЛС) и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и со копретседавачот на Делегацијата на Република Северна Македонија во работата на Заедничкиот консултативен комитет и градоначалник на Штип, Благој Бочварски.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, предвидено е Османи и Ламберц да разговараат за можностите за унапредување на соработката која се одвива преку Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Северна Македонија и Комитетот на региони на Европската унија, како дел од напорите на земјата за усогласување со европските правила, стандарди и вредности на сите нивоа.

Покрај актуелностите поврзани со европските интеграции, ќе бидат отворени и темите за развојот на локаните власти, децентрализацијата, соработка помеѓу централната власт и локалната самоуправа, како и размена на добри практики меѓу европските региони и градовите, се наведува во соопштението.

На првиот ден од престојот во Скопје, Ламберц синоќа се сретна со министерот за надворешни работи Никола Димитров, при што се разговараше за европските интеграции на земјава и за очекувањата од претстојниот октомвриски Совет на ЕУ, како и за прашања поврзани со кохезијата, децентрализацијата, прекуграничната соработка, намалувањето на економските разлики меѓу различните европски региони, како и пошироко за иднината на Европа.

Би можело да ве интересира

Новинар отпуштен поради „непријатно“ прашање за Газа; „Русија нападна, Израел се бранеше“

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски

Лидерите на ЕУ се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Лопатка: Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија