Жените во Босна заработуваат помалку од мажите

Од:

Жените во Босна и Херцеговина заработуваат во просек за седум проценти помалку од мажите, при што просечна плата на мажите е 1.031 конвертибилни марки (околу 500 евра), а жените – 959 конвертибилни марки.

Највисоко платени позиции за жени се менаџер на филијала на банка, шеф на правен оддел, директор на претставништво, финансиски менаџер и менаџер на проект, на кои жените добиваат во просек 17 проценти повисоки плати од мажите.

Генерално мажите заработуваат значително повеќе. Највисоката плата за мажи е 10.000 конвертибилни мари за функција генерален директор, а за жените 6.500 за менаџер на продажба.

Највидлива разлика во платите на мажите и жените има во банкарскиот сектор, администрацијата, менаџментот и државните служби.

Жените со стаж помалку од три години се подложени на дискриминација при определување на платите во сите сектори. Затоа пак во некои сектори, како банкарскиот, по десет години стаж жените имаат повисоки плати од своите колеги мажи. За позицијата менаџер, на пример, жените добиваат нето плата 1.835 марки, а мажите 1.391 марки.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски