Живко Будимир ќе формира нова партија

Од:

Претседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Живко Будимир соопшти дека ја напушта Хрватската партија на правото (ХСП) и дека ќе формира нова партија.

Како причина за неговото напуштање на партијата го наведе „нефункционирањето на органите на ХСП“.

– Партија на правдата и довербата е „работното“ име на мојата нова партија, истакна Будимир.

Коментирајќи го заминувањето на Будимир од ХСП, лидерот на оваа партија Звонко Јуришиќ изјави дека тој и претходно најавувал истапување и основање на нова партија. Сспоред него, таквиот потег на Будимир не би претставувал голема загуба за ХСП, туку „дури и добивка“.

– Добро е од партијата да заминат оние кои мислат дека со господинот Будимир ќе профитираат на каков било начин, било политички, идеолошки или материјално, изјави Јуришиќ, додавајќи дека е вистинско време „во ХСП да се знае кој е кој, и кој игра некакви двојни игри“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски