Кејт Хадсон се појави топлес на насловната на новиот број на списанието „Гламур“, а критичарите веќе ги изнесоа коментарите дека таквата насловна повеќе наликува на „Плејбој“ отколку на модно списание.
Освен што градите ги покрила само со рацете и со неколку бисери на насловната страна, Кејт и на останатите фотографии во внатрешните страни изгледа многу провокативно.