Триесет средношколци Роми учествуваат во програма за запишување на медицински факултети

Од:

Со новиот циклус на проектот финасиран од Ромскиот фонд за едукација (РЕФ), 30 средношколци Роми ќе учествуваат во програмата за запишување на медицинските факултети.

Под мотото „Вратата е отворена, студирај медицина“, соопшти Центарот за Институционален развој – ЦИРа, веќе трета година успешно се спроведува проектот за подготовка на средношколци Роми за запишување на медицинските училишта и факултети во Македонија.

Со оваа активност, Центарот продолжува со својот придонес во мисијата за зголемување на бројот на студенти од ромска националност на медицинските факултети.

Проектот, како што се наведува, ги таргетира Ромите средношколци, ученици во четврта година кои сакаат да се запишат на медицинските факултети. Покрај подготовката на учениците за успешно полагање на државната матура и запишување на медицинските факултети, учениците имаат и обуки за мотивација, самодоверба и справување со стресот, со цел да се стекнат со вештини кои ќе им користат во нивното понатамошно успешно образование.

Во спроведување на програмата се применува методологијата „еден на еден“, каде професорот работи и му посветува внимание само на еден ученик поединечно, што значитено придонесува резултатите од работењето и напредокот на учениците да е поголем. Кон крајот на мај ќе биде организирана финалната работилница на која учениците ќе го заокружат своето знаење преку финалните тестови и ќе ги направат последните подготовки пред полагањето на државната матура, и понатаму ќе се стекнат со потребните квалификации за запишување на медицинските факултети во Македонија.

Според податоци од граѓанскиот сектор и истражувања направени од ромски невладини организации, на Медицинскиот факултет во Скопје до 2009 година дипломирале само петмина Роми.

По двегодишната успешна имплементација на овој проект, оваа година бројот на студенти Роми кои активно студираат на овој факултет е зголемен на 25, соопшти Центарот за Институционален развој – ЦИРа.

Би можело да ве интересира

Конкурс за зелени проекти за традиционални бизниси

Емир Латифовиќ

Завршна сесија на Форумот во заедницата на општините Босилово и Василево

Емир Латифовиќ

За прв пат во Македонија граѓаните ќе креираат „Круг на хуманоста“

Емир Латифовиќ

Започна проектот „Да создадеме подобра иднина“

Емир Латифовиќ

Животната средина наспроти урбанистичката експанзија

Емир Латифовиќ

За 6 месеци се регистрирани нови 378 граѓански организации

Ана Ололовска