Палмер: Северна Македонија наскоро ќе стане 30. членка на НАТО

Од:

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Метју Палмер изјави дека е уверен оти Северна Македонија наскоро ќе стане 30. членка на НАТО.

– Останаа извесен број членки кои треба да го ратификуваат протоколот за пристапување, вклучувајќи ги и САД. Тоа бара интерна процедура во Сенатот и се надеваме дека се ќе биде завршено до декември. Доколку тоа не се случи, тогаш ќе одредиме некој друг датум за неколку месеци, рече Палмер во интервју за Радиотелевизија Црна Гора, пренесува РСЕ.

Според него, САД се залагаат за стабилен Западен Балкан интегриран во евоталтанските институции, за разлика од Русија која сака регион заснован врз нереди и недоверба.

– Западен Балкан го гледаме како член на семејството на западни земји, интегрирани во евроатлантските институции, како земји со кои се соработува врз основа на правила и норми. Русите покажаа дека сакаат регион заснован врз нереди и на недоверба. Мислам дека тоа најјасно го видовме во Црна Гора кога Русите го поддржаа државниот удар во 2016 година за да се спречи земјата да влезе во НАТО, рече Палмер.

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан смета дека „Русите не завршиле со настојувањата да прават проблеми во Црна Гора и на Западен Балкан“.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници