Во Тетово вчера се одржа вториот меморијален шаховски турнир „Махи Халили-Лала“ во организација на шах клубот Анпсан.
Победник е Ндерим Сарачи од Косово, втората позиција му припадна на Љубомир Данов од Бугарија додека Македонецот Никола Николовски се пласираше на третото место.
– На турнирот Швајцарски систем, девет рунди со временска контрола рапид на 15 минути +5 секунди. Учествуваа вкупно 113 шахисти од пет земји, изјави Низамедин Имери, претседател на шаховскиот клуб Анпасан од Тетово.
Покрај на тројцата најдобри, парични награди имаше за првите 10 пласирани.