Алекс Хаусден, презентер на утринската програма за информации во „КОКО-5“ во Оклахома, додека во живо одеше снимка од младенче од горила, упати коментар на сметка на нејзиниот колега Џејсон Хакет, велејќи му дека животното личи на него.
Таа беше видно вознемирена бидејќи се извини за коментарот следниот ден, а Хакет седеше до неа.
„Реков нешто вчера, што беше невнимателно, несоодветно, а и ги повредив луѓето“, рекла Алекс Хаусден додавајќи дека разбрала оти им наштетила на луѓето надвор од студиото, како и на Џејсон Хакет, кој го сметала за еден од своите најдобри пријатели.
Хакет ѝ рекол на Хаусден дека го прифаќа нејзино извинување и дека и тој ја смета за добра пријателка, но рече дека сака инцидентот да биде поука за тоа како треба да се избираат зборовите, пренесува „Скај њуз“.